Не само што влијае на психата, туку и на убавината: Легнете си во ова време и ќе се разбудите презадоволни

leg.jpeg

Сите знаеме дека за убавината и здравјето е важно добро да се одморите. Добриот сон влијае на кожата на телото и лицето, а освен што влијае на физичкиот изглед, игра голема улога и во нашиот когнитивен систем, помага во продуктивноста, работата на мозокот и го одржува целокупното здравје.

Во текот на спиењето кожата се регенерира, новите клетки се заменуваат со стари и повторно се постигнува здрава рамнотежа. Денес едноставно “заглавуваме” пред компјутерот или телевизорот и често се случува доцна да заминеме на спиење.

Најголемата трговска марка за кревети направила едно истражување со цел да дознае во колку часот треба да си легнете со цел изутрина да изгледате убаво и одморено.

Истражувањето открило дека клучот за добриот изглед лежи во заминувањето на спиење во 21:45 часот и будење во 6:55 часот. 60 отсто од испитаниците потврдиле дека спиењето во тоа доба одлично им влијаело на психолошките способности, а 40 отсто од нив изјавиле и дека им влијае и на однесувањето тој ден.

42 отсто од испитаниците имале побистар вид, а 20 отсто од нив тврдат дека оваа рутина им помогнала во чистењето на кожата.

“Многу од нас трошат голема сума на пари со цел да изгледаат и да се чувствуваат подобро. Заборавивме на добриот и квалитетен сон со кој можеме да постигнеме многу, без трошење на пари. Секако, битно е и самото опкружување кое мора да нѝ одговара, односно мирен простор со добар кревет и креирање на одредено време во кое би заминувале на спиење”, изјавил Нил Робинсон, директор на компанијата која го спровела истражувањето.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top