Не се шеќерите главен причинител на ракот, мастите поттикнуваат ширење на канцерот

kancer.jpg

Откритието дека всушност мастите се извор на енергија на ракот, а не шеќерите, како што досега се сметаше, отвора целосно нови можности за истражувања околу оваа болест, пишува лондонски „Индепендент“.

Научниците со децении наназад веруваа дека причина за развојот на смртоносниот вид тумор на мозок, е шеќерот. Меѓутоа, се покажа дека досегашниот метод за експерименти со ткиво дава привидни и погрешни резултати и дека намножувањето на клетките на ракот е предизвикано од мастите. Ова сознание би можело да им го спаси животот на голем број заболени од рак на мозокот во иднина.

– Шеесет години досега верувавме дека изворот на енергија на сите тумори е шеќерот, но се испостави дека грешиме, барем за тоа што се однесува до мозочниот тумор. Можно е различни видови тумор да користат различни видови енергија, слично како што тоа го прават и другите делови од организмот, изјави д-р Елизабет Стол, која раководи со истражувањето.

Д-р Стол посочи и дека повеќето видови клетки во мозокот користат шеќери како извор на енергија, па затоа се сметаше дека и клетките на ракот функционираат на истиот начин. Но, се покажа дека заболените клетки всушност реагираат на зголемување на мастите.

Кога глувците со тумор на мозокот биле третирани со лекот „Етомоксир“, кој ја спречува апсорпцијата на масти, растот на ракот успорил.

извор: Дневна доза позитива

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail