simon-trpcevski-1024x683.jpg

Македонскиот виртуоз Симон Трпчевски предизвика бурни овации во концертната сала во Сао Паоло во Бразил.

Маестро Трпчевски пред преполната сала ја изведе познатата македонска песна „Не си го продавај Кољо чифликот“, во обработка на композиторот Драган Шуплевски.

Концертот на Трпчевски заврши со бурни овации од публиката, а тој и вети дека на следното гостување ќе го претстави неговиот комплетен проект Македонисимо во Бразил и во други земји во Латинска Америка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail