zicnica.png

Жичницата Гелмер се наоѓа во кантонот Берн и Швајцарија и ги поврзува долината на горниот дел на реката Ар во подножјето на малиот град Хандек, со горниот дел од езерото Гелмер.

До таму возможно е да се стигне со автомобил, но и со организиран превоз со автобус. Таа не е класична жичница затоа што се движи со помош на шини.

Тоа што е специфично за Гелмер е тоа што колку таа и да е практична и олеснителна и колку и да го забрзува транспортот, таа неверојатно ги привлекува љубителите поради убавиот пејзаж и возбудливото возење.

„Ова е вистинска атракција. Доколку некогаш се најдете на овој простор, мора да го пробате возењето. Кога ќе се искачите на врвот ќе уживате во восхитувачкиот поглед кон долината и тиркизното езеро Гелмер“ – ова е коментарот на некој турист на официјалната страна на „TripAdvisor“ кој имал можност да го искуси тоа возење.

Возењето трае час и половина до два и гарантира ужување.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail