Не ви треба диета: Овие мали трикови ќе ви помогнат да изгледате подобро

Ne-vi-treba-dieta-Ovie-mali-trikovi-kje-vi-pomognat-da-izgledate-podobro.jpg

Не ви треба диета: Овие мали трикови ќе ви помогнат да изгледате подобро

Ако сакате да изгубите тежина, не треба да држите диети. Покрај тоа, експертите препорачуваат намалување на телесната маса со менување на навиките на живот или воведување на овие мали трикови во секојдневен живот.

1.Јадете појадок секој ден

Многу луѓе мислат дека прескокнувањето на појадокот е одличен начин за намалување на внесот на калории. Но, поради тоа, тие јадат повеќе во текот на денот, открива Елизабет Вард, автор на книгата „The Pocket Idiot’s Guide to New Food Pyramids”. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат појадок имаат понизок индекс на телесна маса отколку оние кои не појадуваат.

2.Измијте ги забите по вечерата

Повеќето луѓе дури и не знаат колку јадат храна во вечерните часови додека гледаат телевизија, сурфаат по интернет или играат компјутерски игри. Наместо да ги четкате забите пред спиење, направете го ова по вечерата и намалете ги шансите за претерување со грицки со вашите омилени ТВ серии.

3.Избегнувајте калорични сокови

Дека газираните сокови имаат многу калории, е добро познат факт. Ако пиете многу преработени сокови, лесно ќе ја изгубите тежината ако ги замените со обична вода.

Повремено наградувајте се со свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук, како и млеко со ниска масленост.

4. Не јадете помалку, јадете подобро

Луѓето кои се на диета често се жалат дека не се доволно сити, и затоа им се враќаат на своите нездрави навики. Експертите се согласуваат дека не е важно да се јаде помалку, туку поздраво.

Наполнете ја вашата кујна со многу свежо овошје и зеленчук и јадете ги со секој оброк. Ќе ја збогатите вашата исхрана со витамини, минерали, диетални влакна и други корисни хранливи материи, така што нема да доаѓате во искушение да јадете колачиња, вели д-р Барбара Ролс, авторка на книгата „The Volumetrics Eating Plan“.

5.Јадете интегрални намирници

Интегралниот леб и тестенините се полни со хранливи влакна кои го стимулираат варењето и подобро заситуваат од производите направени од бело брашно.

Токму затоа се паметен избор за исхрана. Имајте на ум дека интегралната храна е покалорична од онаа белата, затоа внимавајте на порциите.

6.Контролирајте ја содржината на фрижидерот

Ако вашиот фрижидерот е полн со калорична храна што не е добра за вас, голема е веројатноста дека нема да можете да издржите да не се јавите на нејзиниот повик.

7. Намалете ги порциите за 10 отсто

Затоа нутриционистите ве советуваат да го наполните фрижидерот со многу зеленчук и овошје и друга здрава храна.

Дали се придржувате кон сите овие совети, но сепак не губите тежина? Ќе изгубите тежина ако ги намалите вообичаените порции за 10 или 20 проценти.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail