Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на Центар за управување со промени гостин предавач на УАКС

n8.jpg

Во рамките на клиничката настава по предметот Административно право и јавна администрација, студентите на Американ колеџ од втора година од политички студии приуствуваа на предавање “Реформи во јавна администрација”.

Предавањето го одржа Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на Центар за управување со промени, тинк тенк организација што работи во областа на админстративните реформи. Неда Малеска Сачмароска има 19 годишно професионално искуство во организациски и институционален развој и во јавната администрација и во граѓанското општество. Студентите имаа можност да се запознаат со експерт од практиката и да стекнат продлабочени занања за светските преактики во управувањето со јавната администрација како и со реформите на јавната администрација преземени во Р. Македонија

Извор: uacs.edu.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail