Неделата на италијанскиот јазик во светот одбележана на УГД

1-2.jpg

Студентите од Филолошки факултет – Катедра за италијански јазик, Технолошко-технички факултет, како и од Музичка академија и  Ликовна академија беа дел од Неделата на италијанскиот јазик во светот насловена „Младите и Италија – една инспирација, многу приказни“.

Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри, истакна дека ова е 22. издание на Недела на италијанскиот јазик во светот, а студентите од два факултета и две академии на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип беа инспирирани од Италија и создадоа многу приказни.

–  Студентите црпеа инспирација од Италија, културата и јазикот, кој се разбира е мост меѓу различните култури – вели Силвестри.

Прашан во која насока ќе се продлабочува соработката со штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Силвестри со одговор дека соработката трае многу години.

–  Навистина сум задоволен што во Штип се изучува италијанскиот јазик и морам да ги пофалам професорките од Катедрата за италијански јазик и книжевност, кои се многу активни и секоја година ги организираат настаните поврзани со Неделата на италијанскиот јазик – рече Силвестри.

Ректорот на УГД – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, посочи дека оваа соработка е исклучително значајна за студентите, на кои им се нуди и можност за размена на студенти, но и да го продолжат своето студирање во Италија.

– Ваквите соработки се основа за развојот на сите катедри, бидејќи овозможуваат промоција на активностите за студентите да видат што ги очекува, идните студенти да знаат дека ќе имаат интересни можности кои излегуваат од овие соработки – размена на студенти, продолжување на студии на италијански универзитети – додаде ректорот Мираковски.

Доц. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска од Катедрата за италијански јазик истакна дека расте интересот на студентите за студирање италијански јазик и книжевност и дека настанот е посветен на младите и на студенти од повеќе факултети.

–  Настанот „Младите и Италија – една инспирација, многу приказни“ е уште еден од низата настани кои Катедрата за италијански јазик и книжевност ги организира во рамките на Неделата на италијанскиот јазик во светот која се одбележува од 17 до 24 октомври. Меѓутоа, и во текот на годината организираме повеќе настани. Оваа година настанот е посветен на младите и на студенти од повеќе факултети. Секој од овие студенти ќе може да ја пренесе својата перцепција и своето доживување на Италија преку музички дела, преку ликовна изложба, преку поезија или мода – изјави доц. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска.

Студентите од Катедрата за италијански јазик читаа песни на италијански јазик од млади автори, своите модни креации ги претставија студентите од Технолошко-технички факултет, потоа студентите од Ликовна академија ги претставија своите слики, а од Музичката академија ги презентираа музичките дела на големите италијански композитори

 

извор: https://life.ugd.edu.mk/index.php/ugd-zivot/nedela-na-italijanski-jazik

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail