Недостатокот на јодот ја убива концентрацијата

ok.jpg

Способноста да се концентрираме, во голема мера се темели на околностите и на ситуацијата во која моментално се наоѓаме.

Некои од грешките што ги правиме се должат на малата концентрација, и некои од нив можат да бидат и кобни. Редовен внес на јод, храна и вода е сигурен е начин да се поправи концентрацијата.

Јодот е есенцијален минерал за нашиот организам. Влијае во развојот на мозокот и распространување на невронските мрежи, а со тоа и на мозочните активности.

Покрај паѓање на концентрацијата, недостатокот на јод предизвикува и помало внимание, а кај децата создава проблеми со учењето и меморијата. Затоа за да ги одржиме функциите на мозокот на највисоко ниво, мораме да обезбедиме редовно внесување на јод во организмот, се разбира во доволна количина.

Со оглед на тоа што организмот не може да произведе јод, мораме да го внесуваме секојдневно. Дневните потреби на човекот изнесуваат 150 микрограми, додека кај трудниците се препорачуваат 300 микрограми. Јод најмногу има во храната од морско потекло, а во помала количина и во овошјето и зеленчукот.

Кај нас во минерална вода има богато природно растворен јод. Со оглед на тоа што со печење на  храната се губи околу 20 % од јодот, а со готвењето и до 58 %, мозокот најмногу ќе го апсорбира јодот преку вода.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail