Недостатокот на сон делува врз стомачните бактерии

vest_4_495x495323.jpg

Студии покажале дека недостатокот на спиење може да има сериозни последици, вклучувајќи го зголемениот ризик од мозочен удар, болести на срцето, дијабетес, прекумерна тежина, па дури и одредени типови на рак.

На експертите сè уште не им е потполно јасна поврзаноста на сите овие состојби со неспиењето, но нова студија објавена месецов вели дека тоа може да предизвика и промени во стомачните бактерии што би можело да го измени метаболизмот.

Стомачните микроорганизми помагаат во одржување на нормалната состојба на метаболизмот, имунолошкиот систем и другите телесни функции, па оваа студија сугерира дека недоволното спиење може да ги направи овие бактерии нездрави.

Во студијата учествувале 9 индивидуи кои поминале 2 ноќи спиејќи во лабораторија во траење од 8 и пол часа, а потоа уште 2 ноќи кога спиеле само 4 и пол часа.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top