Некогаш беа најбогата земја, сега живеат од социјална помош

nisalka.jpg

Жителите на Науру продавале фосфат во цел свет а заработката во 1981 година се искачи на тогаш огромни 123 милиони долари, што значело 17 500 долари по жител.

На половина пат помеѓу Австралија и Хаваи, насред Тихиот океан, се наоѓа „точкаичка“ на картата покрај која пишува Науру. Се работи за најмалата островска држава на светот, со површина од 21 квадратен километар. Но, зад малиот остров лежи голема приказна…

Островот е населен веќе најмалку 3000 години. Во самите почетоци на него живееле полинезиски и микронезиски племиња, а сега на него живеат 13 000 жители. Од најблискиот сосед, Кирибати, го делат 300 км океан.

Науру бил германска колонија во 19 век, а австралиски протекторат до средината на 20 век. Во еден период на 20 век Науру бил втората најбогата земја на светот, ако се смета БДП по глава на жител, пишува Гардијан. Освен Германија, Науру бил и колонија на Велика Британија, Нов Зеланд, Австралија и Јапонија.

И покрај се, Јапонија во Втората светска војна го окупирала островот. Сите болни се качиле на брод кој потонал насред океан. Во текот на 60-тите и 70-тите Науру бил рудник со богатство. Масовно е ископуван фосфат со кој изобилува островот. Во годините после стекнувањето независност, Науру имал и втор најголем БДП по глава на жител веднаш по Саудиска Арабија.

Жителите им продавале фосфат на купувачи од цел свет, а заработката во 1981 година се искачила на 123 милиони долари, што значело 17 500 долари по жител.

Меѓутоа, дошло до еколошка катастрофа. Поради копање е уништена вегетацијата , а островот после се изгледал како отпад. Работите престанале да функционираат и во финансии. Данок на Науру не постоел, Владата ги вработувала повеќето жители, пладите биле издашни, сите добивале бесплатни куќи ,и не морале да плаќаат трошоци. Имале бесплатно образование и здравствено осигурување.

Државата била уништена. Единствено зелени останале голф терените. Супермаркетите биле полни храна од „Запад“ па не чуди фактот што Науруаниците станале најдебела нација на светот, а просечен животен век им бил 55 години.

Централните банки доживеале колапс, а земјата останала без ниту еден долар. Народот Науруа сепак се подига на свој начин. Заработиле најмалку милијарда долари со перење пари, а дури го продавале својот глас во ОН за признавање нови држави за десетици милиони долари.

Сепак, освен природата уништени се и животите. Школството пропаднало, а 90 отсто од луѓето не се вработени. Повеќе од 3000 жители денес се странци. Најмногу има Австралијанци кои таму работат како лекари, менаџери и инжениери. Има и Кинези кои држат ресторани и продавници. Земјата денес живее од хуманитарна помош, најмногу од Австралија.

Но, Австралија, тоа добро го наплаќа. Австралија на Науру ги довезува сите имигранти кои се обиделе да влезат во Австралија и ги сместува во оградени кампови. Неодамна е откриено дека мигрантите на Науру , а посебно децата се жртви на сексуално злоставување, за што Гардијан објави повеќе од 200 документи на дури осум илјади странци. Науру е толку нестабилен што денес прифаќа дури се што му се понуди.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail