Некој го бакнал нивното бебе Маријана па починало две недели подоцна!

bebe.jpeg

Никол и Шејн се венчале кога нивната ќеркичка имала само шест дена, а само два часа по церемонијата забележале дека таа престанува да јаде и тешко се буди.

Парот од Америка вели дека нивното бебе на возраст од само 18 дена починало само две недели откако било заразено со херпес преку бакнеж. Никол и Шејн Сифрит на Фејсбук објавиле дека нивната ќеркичка Маријана починала на рацете на својот татко.

“Нашата малечка принцеза Маријана стана мал ангел околу 08:40 часот утрово, кога почина на рацете на својот татко. Нејзината мајка беше цело време покрај неа. Таа веќе не страда и сега е со Бога. Ви благодариме на сите кои бевте со неа на ова патување и кои ни ја дадовте својата поддршка. Нејзиниот краток живот имаше големо влијание во нашите животи и се надеваме дека нејзината приказна ќе помогне да се спасат животите на други новороденчиња. Почивај во мир, сладок ангелу” – стои во објавата.
Никол и Шејн се венчале кога нивната ќеркичка имала само шест дена, но само два часа по церемонијата забележале дека таа не сака да јаде и потешко се буди од спиење. Веднаш ја однеле во болница.

“Состојбата ѝ се влошуваше. Во рок од два часа престана да дише и започнаа да ѝ откажуваат органите”, вели нејзиниот татко.

Медицинскиот извештај покажал дека Маријана била инфицирана со менингитис HSV-1, кој е предизвикан од херпес вирусот. Нејзините родители биле тестирани, но резултатите биле негативни, што значи дека го добила од некој друг.

И покрај повеќекратните трансфузии на крв, бубрезите на малечката Маријана престанале да работат, црниот дроб исто така, а дошло и до внатрешно крварење.

Семејството се надева дека овој несреќен случај ќе им помогне на другите луѓе да сфатат колку и најмалите вируси и инфекции како херпес можат да бидат фатални за новороденчињата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail