exam_1542064048.jpg

Изморени сте? Нервозни? Опуштете се и бидете добри кон себе. Дури и светот да се руши тоа не е причина денот да ви е уништен. Ви започнува испитната сесија, имате многу задачи, лекции, книги кои ви предизвикуваат нервоза.

Еве неколку совети како да си ги разубавите деновите пред испитна сесија.

Наспијте се – Се ближат испити, а многумина студенти остануваат цела ноќ над книгата, а на организмот му треба одмор и сон. Ако се наспиете и поминете осум часа во вашиот кревет, ќе бидете одморени и некои работи полесно ќе ги паметите.

Појадувајте – Иако изгледа глупо, тоа е најважниот оброк во денот. Нашиот организам бара одредени витамини и минерали за да може да ги завршува своите функции. Појодувањето ќе ви даде доволно енергија за целиот ден.

Смејте се – Имате многу обврски, немате многу желба, немате концентрација….но смеењето е најдобар начин да се чувствувате добро и расположено, мислите позитивно.

Исклучете го ТВ – Вклучениот телевизор додека учите може да ви го одземе вниманието и концентрацијата. Ако учите најдобро е да го исклучите телевизорот и на тој начин ќе се концентрирате на учење.

Пишувајте – Во текој на учењето пишувајте белешки. Напишете ги најважните работи, кратки тези кои ќе ве потсетат на некоја реченица.

Почастете се со слатки – Купети си некое колаче, чоколадо, она што го сакате.

И на крај време е да излезете со друштвото – Заминувањето во град или некаде на планина со друштвото кое ви годи, ќе ви донесе многу позитивна енергија.

Ова е една од најдобрите методи како да си го разубавите денот по напорно учење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail