Неколку здравствени причини зошто да не пиете премногу студена вода

vod-1.jpg

Чаша студена вода изгледа толку примамливо, особено во потопли денови. Сепак, токму тоа може да биде причина за некои здравствени неприлики со кои се соочувате, а не можете да ја лоцирате вистинската причина.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Пиењето студена вода не е ниту единствен, а уште помалку најдобар начин за гаснење на жед.

Следниве причини ќе направат да размислите подобро дали следниот пат ќе сакате да се разладите со студена вода:

Ја исцрпува енергијата

Кога ќе испиеме многу студена вода, организмот почнува да работи на тоа да ја изедначи температурата, за да може водата без проблеми да се процесира низ телото.

На овој начин, организмот губи енергија, па затоа често се случува да почувствуваме умор и поспаност откако ќе испиеме чаша студена вода, особено ако тоа го направиме „на екс“.

Nekolku-silni-pricini-za-veke-nikogas-da-ne-piete-ladna-voda-3.jpg

Предизвикува дигестивни проблеми

Студената вода освен што ги разредува желудочните течности, исто така ја лади и идеалната природна средина во која се одвива процесот на варење на храната.

Поради ова, често може да почувствуваме непријатност во стомакот откако ќе испиеме студена вода.

Nekolku-silni-pricini-za-veke-nikogas-da-ne-piete-ladna-voda-4.jpg

Проблеми со хидратацијата

Иако, ни се чини дека студената вода ќе не освежи, всушност многу подобро го хидратираме телото со вода која е на собна температура.

Со ова му помагаме на телото полесно да ја „загрее“ испиената вода, за понатаму да ја внесе во сите органи каде е потребна.

Nekolku-silni-pricini-za-veke-nikogas-da-ne-piete-ladna-voda-5.jpg

Главоболка и неправилен срцев ритам

Сигурно сте чуле дека ако претерате со сладолед, може да се случи таканареченото „замрзнување на мозокот“. Слично е и со ладната вода.

Се појавува непријатно чувство на тегоби во главата, но и неправилен пренос на импулси во нервите во вратот. Како последица на тоа, иако ретко, постои ризик за неправилен срцев ритам. Срцето е чувствително на брзи температурни промени, па најдобро е да почекате водата да се „стопли“ пред да ја испиете.

Nekolku-silni-pricini-za-veke-nikogas-da-ne-piete-ladna-voda-6.jpg

Стврднување на мастите

Секое пиење на студена вода, особено бргу по оброк, придонесува неразградените масти да се стврднат и да останат во нашиот дигестивен систем подолго од што инаку би било потребно за да се согорат.

Nekolku-silni-pricini-za-veke-nikogas-da-ne-piete-ladna-voda-7.jpg

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top