Нема да има апокалипса: Се чини дека Русите најдоа решение за астероидите

tocka-217045.jpg
Рускиот центар за планетарна заштита смисли систем за заштита на Земјата од астероид со помош на нуклеарна експлозија кој би чинел околу 5,6 милијарди долари, изјави денес директорот на центарот Анатолиј Зајцев.

Зајцев го претстави проектот пред руската јавност на научно-технолошката конференција во Москва, пренесува новинската агенција „Тасс“.

Системот би можел да биде изграден за околу седум години и би се состоел од сателит за надгледување, вселенски опсерватории, пресретнувачи и контролен центар, соопшти директорот на рускиот центар за планетарна заштита.

Во првата фаза според проектот би биле лансирани четири вселенски летала – две за надзор и две за пресретнување, а сето тоа според проценките на Анатолиј Зајцев и неговиот тим на експерти би чинело околу 1,3 милијарди долари. Изградата на инфраструктура на земјата би чинела дополнителни милијарда долари.

Според овој проект, доколку во иднина бидат откриени опасни астероиди кои што би можеле да ѝ нанесат голема штета на нашата планета Земја, сателитите за надгледување би биле насочени кон астероидот и со голема брзина би пресметале и би ја одредиле големината, масата, брзината на движење, местото на удар и други карактеристики.

Откако ќе биде проценето дека ударот на астероидот би нанел големи штети на планетата Земја, во тој случај се носи одлука за напад. Според планот на руските научници во втората фаза се испраќа летало со нуклеарни проектили кое што ќе го уништи астероидот, или ќе ја промени неговата траекторија така што ќе ја промаши Земјата.

Развојот на опремата за надгледување на вселената, односно двете вселенски опсерватории и четирите летала за надгледување би чинело дополнителни 1,4 милијарди долари, додека препорачаното зголемување на бројот на сателити за пресретнување на уште три летала би чинело уште 1,8 милијарди долари.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail