Нема компјутери за лошите ученици!

kompjuter-za-sekoe-dete.jpg

Забрана за употреба на компјутери, плејстешјни и X-боксеви за лошите ученици!

Колкумина од вас, родителите, сметаат дека за лошите оценки во школо се виновни компјутерите и другите конзоли? Едно училиште ја разбра оваа порака и воведе ново правило за децата кои целата вечер сакаат да ја поминат пред компјутер.
Едно од најдобрите училишта во Лондон образложи дека ваквата мерка е потребна бидејќи децата и учениците целата вечер ја поминувале пред телевизор играјќи ги своите омилени конзоли Playstation и X-BOX.
Макс Хаимендорф, директорот на училиштето вели дека сите конзоли се конфискувани и земени од учесниците со претходна дозвола на родителите. Тој додава дека ваквата мерка е поздравена од страна на родителите се со цел да се подобрат оценките на нивните деца, но и нивното воспитание да достигне поголемо ниво.
Бидејќи мерката веќе се спроведува една година, резултатите биле зачудувачки добри. Минатата година, 93% од учениците добиле дипломи за завршено образование со просек над 3, што е невообичаено бидејќи во Западен Лондон важи за една од најсиромашните области во главниот град на Обединетото Кралство.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail