Нема веќе мобилни во грчките училишта

ucilista.jpg

Министерството за образование на Грција, испрати писмо до сите училишта во земјата, преку кое соопшти дека децата нема да смеат да носат мобилни телефони, пренесе „Катимерини“.

Учениците нема да смеат да ја користат опремата и компјутерите без надзор , а на училиштата им се наредува од сајтовите да ги извадат сите снимки и слики на кои се распознаваат ликови на ученици.

Министерството допушти користење на безбедносните камери во зградите, само во период кога училиштата не работат, поради спречување на кражби.
Ваквите мерки Министерството за образование ги презема за заштита на приватноста на учениците и наставниците.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail