НЕМА ВЕЌЕ ПЛАЌАЊЕ СМЕТКИ И ГОРИВО: Ова нема да им се допадне на нафтените компании!

ljubisa2.jpg

Никола Тесла имал сон секој човек има бесплатна енергија, а сега тој негов сон е блиску до исполнување!

Водата ние дадена од Бога и тоа не само да ја пиеме, туку од неа да правиме енергија со која секој од нас ќе може да стане независен. Тоа значи да живееме без сметки и да не плаќаме гориво, едноставно да користиме вода.

На патот кон остварување на таа цел стојат големи светски компании кои ќе го изгубат монополот ако луѓето станат енергетски независни. Еден голем чекор напред кон енергетска независнот направи г-дин Љубиша Марковиќ од Србија.

Во многу блиска иднина автомобилите ќе се движат, верувале или не, на обична вода. Љубиша Марковиќ (50) измислил HHO генератор за производство на водород. Овој мал уред, инсталиран во автомобил, прави заштеда на горивото од 80 до 100 проценти. Изработката на овој уред чини 2.500 денари. Љубиша исто така работи и на тоа да направи моторите на апаратите за домаќинство целосно да работат на вода. Се надеваме дека големите корпорации нема да ги уништат неговите планови, кои некогаш ги имал и големиот Никола Тесла.

– Генераторот е целосно мој пронајдок. Направен е од плексиглас, прохромска плоча, една завртка, спојки и диктонзи. Се инсталира пред ладилникот во автомобилот- објаснува Марковиќ. – Кога се става вода во генераторот, со електролиза се одвојуваат водородот и кислородот со што се создава бурна реакција, а возилото работи на водороден гас. Без разлика дали автомобилот работи на нафта, бензин или плин, моторот добива поголема сила и брзината се зголемува за 30 проценти.

Љубиша, кој во фабрика за кабли во Зајечар работи како изработувач на електрични кабли, вели дека овој генератор е тестиран на сите видови на автомобили, дека е сосема безбеден и уникатен по тоа што е едиснтвен генератор со ладни ќелии. Тоа значи дека користи ладен водород, кој го штити моторот и не може да предизвика никаква експлозија. Овој уред работи на само 10 ампери струја и малку вода, која циркулира низ системот.
– Ако ме прашате од каде имам знаење за да го направи ова, јас навистина не би можел да ви објаснам – вели Љубиша. – Соседот ми даде една идеја. Во неговиот „трабант“ кој користи мешавина вградивме мотор на бензин од Фичо, потоа инсталиравме плин, а тој на шега велеше: „Е сега можеш да измислиш колата да оди на вода.“

А таа негова шега стана реалност. Невообичаениот пронаоѓач пребарувал на интернет, но не нашолништо што ќе му користи. Ги засукал ракавите, и по една година истражување во својата гаража направил магичнаплоча од само неколку делови,а која може да ја промени иднината на светот.

– Не сум аплицирал за патент, затоа што за тоа е потребно голема сума пари – вели Љубиша. – Во декември, ќе се појавам на натпреварот за иноватори на Србија во Белград. Работам на усовршување на овој уред и сакам да го усовтшам до тој степен автомобилот целосно да може да се движи на вода. Ако јас не успеам во тоа, можеби некој друг ќе може. Постои многу голем интерес кај луѓето, од телефонски повици буквално не можам да седнам на мир.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail