Нема веќе полнење телефон во кафич !

ThinkstockPhotos-523826311.jpg

Beautiful girl using her mobile phone in cafe.

По 1 евро ако мобилниот телефон или таблетот го полните за подолго време од два часа!
Сопственичката на едно кафуле во главниот град на Австрија, Виена, на гостите им наплатува по едно евро доколку ги полнат мобилните уреди (телефони, таблети), пишува австрискиот портал The Local.
Гостинката во кафулето се изненади кога на својата сметка виде дека не и е наплатено само кафето кое го порачала, туку и електричната енергија што ја потрошија додека си го полнела својот мобилен телефон. Таа, фотографијата од сметката ја објави на нејзиниот фејсбук профил.
Сопственичката и менаџерка на кафаулето, Галина Покорини, почнала да им наплатува по едно евро на гостите кои предолго и полнат своите уреди.
“Ако гостинот го полни уредот повеќе од два часа, нормално дека ќе му биде наплатена услугата. Секојдневно се соочувам со голем број на туристи кои ги полнат своите телефони, фотоапарати и таблети“, – вели сопственичката.
Австрискиот портал наведува дека според Законот, може да се наплати употребата на електрична енергија за вакви цели, но претходно е нужно да се информира гостинот.
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail