knigaa.png

Каква тоа сила на духовна глад заслепила 24-годишна жителка на руската престолнина на културата ноќта меѓу 3 и 4 јануари за да се упати во несекојдневно „позајмување“ на книга во една градска библиотека во Санкт Петербург, изгледа дека никогаш нема точно да дознаеме.

Дури кога обезбедувањето на излезот од зградата ја запрело, девојката која претходно ја разбила вратата за да влезе во библиотеката во рацете имала само една книга.

Порталот „Фонтанка“ кој ја пренесува веста за жал не наведува која книга ѝ била толку потребна на оваа зависничка од читање и фикција и ја одвела во реален престап. Медиумите, исто така, пишуваат дека таа, според тврдењата на обезбедувањето, откако на полицата ја нашла бараната книга, веднаш почнала да ја чита.

Откако е приведена во полициска станица девојката ја вратила украдената книга, а празнично расположената управа на библиотеката ѝ го простила испадот.

Извор: Руска реч

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail