Дали ви се здодевни работите кои треба да ги учите на училиште? Дали сакате да стекнете некои навистина необични и практични вештини? Во продолжение погледнете ги најневеројатните курсеви кои можете да ги слушате и да добиете навистина необични сертификати.
1 Професионален елф
Во Алфасколин, „елфско“ училиште во Исланд, можете да научите сè за 13-те различни видови елфови. Учениците во ова училиште се среќаваат со луѓе кои имале личен контакт со овие митски суштества. Тие учат како изгледаат елфовите, каде живеат и какви се нивните врски со луѓето.
2. Погребна служба
Колеџот за погребални служби Гуптон-Џоунс е вистинското место за оние кои сакаат да се вклучат во бизнисот на погребите. Не само што ќе ги научите основните работи како математика и историја, туку ќе научите сè за балсамирањето, како и законите и етиката на мртовечниците.
3. Диплома за зомби
На Универзитетот Балтимор во САД, во 2010 година се појавил курсот „Употребата на зомбињата во поп културата“. Курсот го води Арнолд Блумберг, професор по дизајн. Овие часови даваат академски поглед кон суштествата и нивната улога во забавата.
4. Циркуски вештини
Во Универзитетот Бет Спа можете да научите многу за циркусот, како и за техниките кои ви се потребни да учествувавте во циркус. Студентите по завршувањето може да бидат професионални артисти и знаат како да ја менаџираат и да ја промовираат нивната работа.
5. Водење ранч
На колеџот Дип Спрингс во Калифорнија, студентите се одговорни за ранчот. Тие треба да ги молзат кравите, да се грижат за нив, но и да посетуваат предавања. Основната идеја на институцијата е дека физичката работа е исто важна колку и интелектуалното образование за урамнотежен развој на личноста.
6. Курс за гладијатори
Училиштето за гладијатори се наоѓа во Рим и нуди предавања од 2 часа каде што можете да ги научите основите на борењето и мечувањето. Исто така има и предавања за древната римска историја.
7. „Шармирање“ змии
Во Индија, децата од племето Вади можат да научат како да шармираат отровни змии. Тие почнуваат да тренираат на возраст од 2 години кога се запознаени со смртоносните кобри. Студирањето обично трае 10 години. На 12 години, овие деца веќе знаат сè за контролирањето змии со флејти.
8. Трансцендентална медитација
Училиштето Махариши во Ајова е навистина необично. Покрај традиционалните предмети кои ги изучуваат речиси сите, се учи и техниката за трансцендентална медитација.
9. Вештерство
Училиштето Греј се наоѓа во Калифорнија и е првото официјално признато училиште каде што можете да ги научите тајните на магијата. Студентите се поделени во 4 куќи и може да одбираат да изучуваат 1 од 15-те насоки. Ви звучи познато?
10. Ловење сопрузи
Првото училиште за ловење сопрузи било отворено во 2010 година во Јапонија. Во овие училишта идните несвести учат како да ги импресионираат сопругот и неговото семејство, како да служат храна, како да се облекуваат пристојно и многу други работи кои се важни во брачниот живот.
11. Театарска уметност
Дали сте сонувале да бидете актер или пејач? Денес можете да станете професионален изведувач на колеџот за уметност и наука. Студентите можат да изучуваат театарски традиции, драмска култура и експресивно однесување во перформансот.
12. Курс за Дедо Мраз
Училиштето Чарлс В. Хауард било отворено во 1937 година. Од тогаш ги учи своите студенти на сè што е поврзано со Свети Никола. Тие учат за историјата на Дедо Мраз, како и за неговата правилна шминка и облекување. Покрај тоа ако учите овде можете да го научите тајниот знаковен јазик на Дедо Мраз, но и да сретнете Дедо Мразовци од целиот свет.
13. Часовничарство
Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија, е единственото место на светот кое нуди курс по часовничарство, наука за часовниците и следењето на времето. На овој курс студентите учат за тоа како се мери времето. Исто така тие учат и како функционираат механичките часовници и се тренирани за нивен дизајн и одржување.
14. Качување на дрвја
Ова училиште е лоцирано во Портланд и им овозможува пристап на студентите до места за кои не ни помислиле. Студентите не само што ги учат најбезбедните техники за качување на дрвја, туку се зближуваат и со природата. Притоа сфаќаат колку е важно да ги заштитат шумите за идните генерации.
15. Подводно плетење кошници
Универзитетот во Аризона навистина го нуди овој курс кој со текот на времето станал и негов заштитен знак. Курсот се одржува за време на фестивалот за учење. За време на овој фестивал можете да посетите многу курсеви кои не носат кредити на факултетот.
16. Специјалист за хамбургери
Ако сакате да ја дознаете тајната состојка на хамбургерите која ве тера да ги јадете одново и одново, Универзитетот Хамбургер е совршен за вас. Институцијата е основана во 1961 година во Илиноис, а студентите учат за разните аспекти на менаџирање ресторан.
извор: Кафепауза.мк