Непозната сила го турка Млечниот Пат низ вселената

glaksija.jpeg

Истражувачите веруваат дека Млечниот Пат го турка и влече низ вселената голема непозната сила.

Според најновото истражување, нашиот дом, галаксијата Млечен Пат, го поттурнува низ вселената голема непозната сила. И покрај тоа што на неа не може да се гледа како на пријателски гест, новооткриениот диполен одбивач, всушност, ѝ помага на нашата галаксија во своето патување низ вселената што експандира.

Во изминатите 30 години, истражувачите знаеја дека галаксијата се движи со релативна брзина, но тие не знаеја зошто.

„Сега пронајдовме празнина во сосема спротивна насока, која го обезбедува „поттурнувањето“ во смисла дека нема доволно влечење“, вели Брент Тали, еден од авторите на студијата и астроном од Институтот за астрономија во Хонолулу. „Во тоа надвлекување, ако има повеќе луѓе на едниот крај, тогаш протокот ќе оди кон нив и подалеку од послабата страна“.

Не сте знаеле дека нашата галаксија се движи?

Размислете: Сè е во движење. Земјата се врти околу својата оска и орбитира околу Сонцето. Сонцето и остатокот од нашиот Сончев систем орбитираат околу центарот на Млечниот Пат. Млечниот Пат, заедно со други галаксии во суперсоѕвездието Ланиакеа, јури низ вселената со околу 2 милиона километри на час.

Но ова не е бесцелно патување. Истражувачите долго веруваа дека нашата галаксија била привлечена кон подрачје богато со голем број на групи со галаксии што се 750 милиони светлосни години далеку, наречено Концентрација на Шепли или Шеплиев привлекувач (Shapley Attractor).

„Вообичаено, галаксиите се одвојуваат една од друга како резултат на ширењето на универзумот“, објаснува Тали. „Сепак, секоја од нив го чувствува гравитациското влечење од соседите кое предизвикува девијантни движења – се движат кон регионите со голема густина и далеку од регионите со мала густина. Нашиот Сончев систем е мал дел од галаксијата што ние ја нарекуваме Млечен Пат. Бидејќи нашата галаксија учествува во заедничкото движење, ние се движиме заедно во патувањето“.

Со помош на моќни телескопи, истражувачите успеаја да создадат 3-Д мапа на движењето на галаксијата. Галаксиите како нашиот Млечниот Пат ја следат дистрибуцијата на материјата, така што тие имаат тенденција да се движат кон регионите што се преполни со галаксии, а истовремено подалеку од празните региони.

Со мапирање на насоката на протокот, Тали и неговите колеги го откриле Диполовиот одбивач (Dipole Repeller).

„Откривме модел на токовите што потсетува на струите на водата кои се насочени да течат надолу под дејство на гравитацијата“, објаснува Тали. „Поточно, игравме со помош на математички трик, со обратен процес на чувствување на гравитацијата за да видиме каде тековите би завршиле во овој променет случај. Токовите завршија во нашиот Диполов одбивач“.

Галаксиите што силно светат се премногу густи и имаат концентрација на маса што ја создава влечната сила на Шеплиевиот привлекувач (Shapley Attractor). Сега, истражувачите веруваат дека Млечниот пат не е само влечен. Тој воедно е и туркан од космичката празнина што е зад него.

Поради тоа што Диполовиот репелер има мала густина, со само неколку галаксии во неговата масивна шуплина, овој празен регион делува како одбојна сила. Универзумот е полн со одбојници и привлекувачи, но силната светлина на привлекувачите е полесно да се открие. Поради нивната мала густина, одбојниците изгледаат како темни, празни шуплини, без оглед на големината на просторот.

Малку се знае за Диполовиот одбивач или за галаксиите во него, но новите сознанија за него може да го зголеми нашето разбирање за функционирањрто на универзумот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail