Непознати дела на славен сликар случајно најдени во Ватикан

sliki.jpg

Две платна на италијанскиот ренесансен сликар и архитект Рафаело откриени се во текот на реставрацијата на една од 1.400 простории на Ватиканските музеи, кои сочинуваат многу важна музејска целина, а се дел од Ватиканската палата.

Се смета дека Рафаело Санти да Урбино насликал два алегориски лика кои претставуваат „Пријателство и правда“ недолго пред смртта 1520 година кога имал 37 години.

Од Ватикан соопштија дека делата се најдени во една од Рафаеловите соби, кои го носат тој назив затоа што се украсени со величествени рафаелови фрески. Пвра од нив е Константиновата спба во која е претставена легендата за константиновиот живот.

„Сигурни сме дека платната ги сликал големиот Рафаело“, вели ватиканскиот музејски реставратор Фабио Пјачентини.
Професорот Арнолд Неселрат, историчар на уметност во Ватиканските музеи, потврди дека тие две масла на платно се доста поквалитетно насликани од останатите.

Историчарите на уметност заклучија дека Рафаел во Константиновата соба не успеал да доврши ниту една фреска, но до прераната смрт ги завршил сите цртежи. Првата фреска „Укажување на крстот’, која претставува победа над Максенцио кај Рим 312 година ја насликал неговиот ученик Џулио Романо по смртта на Рафаел.

Реставрацијата на Рафаеловите соби, која започна во март 2015 година, треба да биде завршена до следната година.

Извор: Локално

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail