„Нешенл џиографик“ ја прогласи Галичка свадба за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа!

Galicka-svadba.jpg

По „Њујорк тајмс“, сега и светски познатото списание „Нешенл џиографик“  ја прогласија Галичката свадба за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа!

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Претходно, магазинот „Њујорк тајмс“ одреди девет европски фестивали кои им ги препорачува на секој турист. Меѓу нив е и нашата Галичка свадба.

Галичката свадба или Петровденската Галичка свадва — манифестација која се одржува секоја година на Петровден (12 јули) во селото Галичник на Бистра. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните на тешкото, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод. Тие придружници на печалбарите на овој крај на Македонија, секогаш ја најавуваат Галичката свадба која е со најмногу сватови. Галичката свадба во своето опстојување придонела да се негуваат единствените свадбарски обичаи и ритуали, на жителите од овој крај, да се сочувааат изворните песни, ора, и надалеку познатата галичка носија-изработена со филигранска прецизност и точност на терзиите. Секоја година посебна комисија избира двајца млади кои ќе се венчаат на Галичката свадба. Еден од предусловите е барем еден од младите да потекнува од Галично семејство.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top