Нешто чудно се случува на Сибир – земјата се отвoра како во пеколот

Siberia-Yamal-Crater-520x338.jpg

Минатата година едно момче почина од епидемија од опасниот вирус антракс којшто се рашири во регионот на северот на Русија, а беа инфицирани уште 20 други луѓе – сите дел од стотината номадски племиња кои живеат на огромната површина во северна Русија. Антраксот во овој регион не беше виден 75 години, а научниците тврдат дека тоа е резултат на наглото и интензивно прегревање на Сибир со темперетури и до 30 степени целзиусиови невидени на тоа подрачје кои го топат мразот. А сето тоа е последица на климатските промени и глобалното затоплување.

Bacillus anthracis е бактеријата која предизвикува антракс и е способна да преживее со векови скриена во почвата, така што научниците велат дека не е ништо чудно што сега по затоплувањето на почвата се појавува антракс повторно. Поради жештината умираат ирвасите и бактеријата лесно наоѓа домаќин во нивните тела во распаѓање. За разлика од многуте патогени кои се стремат да го држат телото на домаќинот што е можно подолог живо за да се шират, антраксот има мисија да убие веднаш и е способен да продуцира огромна количина токсини за многу кратко време за да го постигне тоа. Затоа и се смета за еден од најсмртоносните убијци на светот.

Во јуни годинава биле чуени големи експлозии во полустровот Јамал во северен Сибир, каде што под мразовите има и големи лежишта на гас. Ловците на ирваси ја чуле експлозијата и нашле огромен кратер во земјата. Сомнежите на научниците во Русија се дека наглото одрмзнување и топење на мразот ги предизвикува потресите кои создаваат огромни кратери. Кратерите се стравотно големи, а околу нив може да се види умртвената од експлозијата и уништена расфрланта вегетација околу дупката од којашто еруптира високо запалив метан гас.

Ова не е единствениот кратер. Во минатите три години се појавија 14 други, некои од нив неверојатно масивни. Првооткриениот на пример е широк 50 метри, а длабок 70.

Метанот е предмет на огромни грижи. Тој е 20 пати попотентен да создава стакленички градини од карбон диоксидот, а масивното испуштање метан гас на Арктикот претставува значајна закана за глобалната клима и ги крева темперетарите на земјата со уште побрзо темпо.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail