Нешто удрило во крвавата Месечина: Луѓето ширум светот не им верувале на своите очи

krvava-mesecina.jpg

Оние кои во неделата навечер гледале во небото, доколку имале среќа да биде ведро, можеле да ја видат “крвавата Месечина”. Тоа било помрачување на Месечината по кое сателитот останал црвенкаст уште неколку часа, но само оние кои внимателно ја набљудувале оваа појава, можеле да видат дека во Месечината удрил метеор.

Ударот на метеор го виделе многу набљудувачи, дури и оние кои се опремени со аматерска опрема, но не биле сигурни дали краткиот блесок на светлина кој го забележале, бил некој вид на локален феномен или нешто поврзано со Месечината. Поради тоа го провериле виденото на два преноси од помрачувањето на интернет. Еден бил снимен од Мароко, а друг од Калифорнија. И биле изненадени кога го виделе истиот блесок на двете камери, што значи дека “нешто се случило” на Месечината.

Веста прво била објавена на Reddit, чиј корисник пријавил дека видел “мал блесок на Месечината” и побрзал да провери дали уште некој го видел истото. Слична глетка виделе и корисниците од Мароко, а за феноменот ја известил и Грифит опсерваторијата од Лос Анџелес.

Не било едноставно да се фати тој момент бидејќи метеоритот бил мал. Веројатно не бил потежок од неколку десетина килограми и не се движел брзо, па се појавил сосема мал блесок, пократок е трепнувањето на окото.

И покрај тие предизвици, повеќе луѓе успеале да направат фотографии и видео-записи од настанот, а во текот на следните неколку денови веројатно ќе научиме многу повеќе за овој мал метеорит и другите ситни метеорити како него. Овие објекти се премали за да ги видиме со помош на телескоп, така што единствен начин да дознаеме повеќе за нив е кога нивните удари се посилни.

Благодарение на овој судир, ќе дознаеме повеќе за тоа какви се ситните карпи и колку често се судираат со планетите и сателитите во нашиот Сончев систем.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail