Нетфликс ја поправа една од своите најиритантни функции

Netfliks-ja-poprava-edna-od-svoite-najiritantni-funkcii.jpg

Нетфликс ја поправа една од своите најиритантни функции

За прв пат, Нетфликс им пушта на корисниците да ја исчистат “Continue Watching” листата. На Андроид, моментално, можете да одберете било кој наслов од тој дел кога се пријавувате на Нетфликс и да го отстраните едноставно.

 

За сега, ова е возможно само на Андроид оперативниот систем, а на ИОС би требало е овозможено на 29 јуни, пренесува Теч Радар.

Доколку користите Нетфликс, знаете и сами колку може да нервира “Continue watching” листата. Без обзир на тоа што може да биде и корисна, во случаевите каде што само сте почнале да гледате некоја содржина и сфаќате дека не ви се допаѓа, носи повеќе штета отколку корист.

Многу е едноставно да отстраните филм или серија од оваа листа.

Кога ќе отворите Нетфликс, покрај секој наслов ќе ви стои и едно мало “и”. Го одбирате тоа, потоа трите точки и опцијата “Remove from row”.

 

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail