fenomen.jpg

Изутринава на небото над Јамало-Ненецкиот автономен округ можеле да се забележат “три сонца” или хало. Ваквата оптичка појава на северот од Русија е објавена на социјалните мрежи.

Ова е честа појава за овој регион, изјавил директорот на окружниот центар за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина Артјом Кошкин.

“Тешко ми е да разговарам за хало бидејќи кај нас во Салехард (административен центар на автономниот округ) на пример денеска е облачно. Тоа е оптичка појава побрзана со честички, кристали, ситен снег и влага која се наоѓа во воздухот”, вели Кошкин и додава дека ова е прилично честа појава во оваа област.

Според неговите зборови, ваквите феномени се можни благодарение на цела низа фактори кои воглавно зависат од кондензацијата на ситните честички во воздухот. Притоа не секогаш е важна ниската температура: на пример, денеска температурата во регионот нема да опадне под 13 степени, што е релативно топло, истакнал Артјом.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail