galaksija.jpg

На најновите фотографии што ги сними телескопот на НАСА, Хабл , се гледа нешто неверојатно- една галаксија како проголтува друга.

На фотографијата се гледа како група галаксии под име Кома проголтува една спирална галаксија , која ги испушта во вселената своите остатоци. Долг , тенок мчаз на прашина и гас се протега од средиштето на галаксијата и продолжува да патува низ вселената.

Во еден момент спиралната галаксија Д100 ќе го изгуби својот гас и ќе остане мртов остаток , без материјал за создавање нови ѕвезди , а ќе свети само со слаб сјај на старите , црвени ѕвезди , објаснуваат од НАСА.

,,Оваа галаксија , всушност е екстремен пример на чести случувања во масовните групи галаксии , каде многу често една здрава спирална галаксија , полна со млади ѕвезди , станува црвена и мртва галаксија.” објаснува астрофизичарот Вилијам Крејмер од Универзитетот Јеил во Њу Хејвн , кој раководи со тимот за проучување на податоците од вселенскиот телескоп Хабл.

Галаксијата Д100 влегла во овој процес пред 300 милиони години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail