Неверојатна приказна: Учител посвоил ученик поради прекрасна причина

ucenik-ucitelj-usvajanje.jpg

Тринаесет годишниот Дамеин, речиси челиот свој  живот го поминал во згрижувачки семејства. Меѓутоа, само на осум години неговите бубрези почнале да откажуваат.

За некои поединечни семејства, оваа ситуација била тешка и не знаеле како да се носат со неа.

Кога тогашните старатели одлучиле дека не сакаат да се грижат за него, тој бил вратен на државата и останал без дом.

Дамеин набргу морал да го напушти училиштето и да биде сместен во болница поради здравствената состојба. Имено, му откажале бубрезите, па требало да биде ставен на листа на трансплатација, но не можел да биде на таа листа бидејќи пациентите кои чекале требало да имаат нормален дом.

„Трансплатацијата е многу сложен процес, постојат многу лекови за одржување на здрава трансплатација, така да пациентите мораат да имаат систем на поддршка. Потребна им е личност која ќе им помага“ вели доктор Анотни за „Dailу Mail“.

Кога учитателот на Дамеин дознал дека ќе го напушти училиштето поради фактор на кој не може да влијаее, одлучил да ја понуди својата помош.Имено, Ланинг одлучил да го посвои својот ученик за да може да се врати на листата на трансплатации.

Многу бргу се средила потребната документација и ученикот се преселил во домот на учителот.

„Дамеин е многу забавен и симпатичен. Своите проблеми ги држи за себе, но со мене зборуваше за моја ситуација“ вели учителот.

Во меѓувреме Ланинг ја поминал обуката за да научи како да се грижи за детото кое име проблеми со бубрезите и веќе три месеци живеат заедно.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail