Неверојатно откритие на италијански археолози: Жена се породила откако ја погребале!

skelet-italija.png

Група од неколку италијански археолози останале шокирани кога во еден ковчег од 7. век од Новата ера пронашле женски скелет и бебешки коски помеѓу нејзините колкови.

По спроведените истраги и мерења на коските, било утврдено дека жената била погребана додека била во 38 недела од бременоста, од вкупно 40 колку што трае вкупната бременост кај човекот.

Гинеколозите објасниле дека исклучително реткиот феномен се нарекува „породување во ковчег“ и оти се случува откако мускулите на покојникот ќе се опуштат, а гасовите, коишто се создаваат во стомакот почнат да вршат притисок врз матката. Секако, бебето веќе било неколку денови мртво пред да излезе од телото на мајката.
За време на истражувањата, на черепот на мајката бил забележан отвор во коската, што според објаснувањата, претставува здравствена интервенција во тој период, наречена – трепанација, со која се намалувал притирокот во черепот и се верувало дека пациентот побрзо ќе оздрави. Истражувањата покажале дека по интервенцијата жената живеела уште една недела пред да почине и веројатно трепанацијата била една од причините за нејзината смрт.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail