Неверојатно откритие: Научниците откриле како да го блокираат ракот

Maticni-kletki-.jpeg

Научниците од Универзитетот во Алберта во Канада, открија досега непознати терапевтски цели, со кои многу успешно би можело да се спречи ширењето на ракот.

Во новото истражување објавено во магазинот Nature Communications научниците откриле дека со инхибирање на неколку генетски цели, можат да се блокираат повеќе од 99,5 отсто од метастазите во живите клетки.

„Потенцијалното значење на ова откритие е неверојатно“, истакнал Џон Луис, член на истражувачкиот тим. Метастазите убиваат околу 90 отсто од сите пациенти заболени од карцином. Во оваа студија откривме 11 нови начини со кои би можело да се сопре метастазирањето, додава тој.

Ракот е тешко да се лечи, меѓудругото поради фактот што неговите клетки низ процесот на метастазирање се шират од изворното ткиво во други органи. Доколку карциномот се прошири, станува невозможно хируршки да се отстранат сите тумори со што драстично се намалуваат можностите за успешно лечење.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail