Невидена катастрофа на Антарктикот: 40.000 пингвини умреле од глад!

katastrofa.jpeg

Цела колонија од 40.000 пингвини на Антарктикот умрела оваа година од глад во катастрофален настан кој се повторил веќе втор пат за само четири години.

Од целата колонија Аделијски пингвини, француските научници пронашле само две живи младенчиња на почетокот на оваа година. Вакви катастрофи не се забележани повеќе од 50 години, а пронајдени се илјадници мртви младенчиња и неизведени јајца.

Поради зголеменото количество на мраз пингвините умираат на пат до храна
Колонијата доживеала слична судбина пред четири години, кога не преживеало ниедно младенче. Имено, поради необично големата количина на мраз во регионот наречен Аделијска земја, пингвините биле принудени да преминат дополнителни 100 километри во потрага по храна, што ја предизвикало и овогодишната катастрофа.

Предупредување на заканите од човечкото делување

Лидерот на францускиот Национален центар за научни истражувања, Јан Роперт Кудер изјавил: “Количината на морски мраз засега се зголемува и со тоа го турка подрачјето за извор на храна подалеку од колонијата”.
Повикал на итно прогласување на заштитено морско подрачје и предупредил на заканите од човечкото делување како што се риболов и туризам. Следната седмица за катастрофите ќе расправаат 24 држави на ЕУ и ќе разгледаат прогласување на заштитена зона околу Антарктикот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top