Невидлива инвазија: Како супербактериите освојуваат болници и им се закануваат на животите на милиони луѓе

bakteriiii.jpeg

Секоја година милиони луѓе ширум светот се инфицираат со опасни болнички бактерии, кои, со оглед на ослабениот имунитет на пациентите, можат да бидат смртоносни. Универзитетот во Чикаго во 2013. година ја отворил болницата “Center for Care and Discovery” – идеална можност научниците да истражат како тие се шират.

Тимот собран околу Џек Гилберт, директор на Центарот “Микробиом” при Универзитетот Чикаго, во текот на периодот од 12 месеци собрал повеќе од 10.000 примероци: во десет болнички соби, на одделението за заболени од рак и на одделението за хирургија. Анализирале брисови од шака, од нос, и од под пазуви, но и површината која тие ја допирале – решетки од кревети и славини во тоалети. Покрај тоа, примероци од подот во болничките соби и филтри за воздух. И болничкиот персонал бил детално прегледан.

Резултат: Пред отворањето на болницата, асортиманот на бактерии бил релативно мал.

“Кога дојдоа пациентите, лекарите и медицинските сестри – бактериите со нивните тела ги освоија клиниките”, вели Гилберт. Непосредно откако клиниката почнала да работи, се прошириле стефалококи, стрептоколи и коринабактерии.

Приемот на секој нов пациент влијаел на промената на составот на бактериите во болничките соби, пишуваат научниците во специјализираното списание “Science Translational Medicine”. На денот на приемот, микробите од површината во собата преминувале на пациентот, додека во наредните денови најмногу микроби се движеле во спротивна насока – од пациентите на просторијата.

“Во рок од 24 часа, микробиомот од пациентите ја освоиле болничката соба”, објаснува Гилберт, при што под микробиом се подразбираат сите микроорганизми кои го населуваат човекот или било кое друго живо суштество. Научниците исто така востановиле дека медицинскиот персонал во топлите месеци почесто разменува бактерии.

Лечењето на пациентите со антибиотици минимално влијаело на заедницата на бактериите.

“Откривме дека антибиотиците кои се даваат на вена или орално не влијаат на микробите на кожата”, објаснува Гилберт. Микробите биле уништени само со локална примена на антибиотик на кожа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail