Никола Тесла верувал дека добил порака од универзумот

nikola-tesla.jpg

Никола Тесла  верувал дека постојат вонземјани и одлучно тврдел дека не сме само во универзумот. Летото 1899 година, кога во Колорадо Спрингс се занимавал со можноста за пренесување информации од големо растојание, неговата опрема примила низа необични сигнали за кои Тесла тврдел дека потекнуваат од друга планета.

„Имаме порака од далечен и непознат свет. Таа гласи: ’Еден, два три…’“, напишал тој.
Во 1966 година научниците го реконструирале неговиот експеримент и дознале дека сигналот бил предизвикан од минувањето на месечината на Јупитер низ магнетното поле на планетите.

Исто така тој тврдел дека има визии

Наводно, визиите му се јавувале во облик на изненадни светлосни блесоци коишто му покажувале како треба да изгледаат неговите изуми.

„Мојот мозок е само приемник, а во универзумот постојат јадра од кои добиваме знаење, сила и инспирација. Не знам да ја објаснам природата на јадрата, но знам дека постојат“, изјавил тој во една прилика.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail