Ништо нема да биде исто: Инстаграм најави низа промени, прсти вмеша и Фејсбук

Nishto-nema-da-bide-isto-Instagram-najavi-niza-promeni-prsti-vmesha-i-Fejsbuk.png

Ништо нема да биде исто: Инстаграм најави низа промени, прсти вмеша и Фејсбук

Фејсбук направи голем чекор кон интеграција на своите многу платформи за размена на пораки во една.

Тие сега им овозможија на корисниците на Instagram и Facebook Messenger да испраќаат пораки едни на други!

Покрај опцијата за повеќе платформи, Инстаграм ќе добие и нов систем за директни пораки (DM), кои ќе бидат збогатени со опции од Messenger.

Некои од новите опции за Instagram се: исчезнување на пораките, селфи стикери, емотикони што можете да ги уредувате, чет во боја, нови начини за блокирање на несакани пораки, интродукција на опцијата Messenger’s Watch Together со што можете да гледате видеа со пријателите за време на повик.

Корисниците ќе можат да го одбијат ажурирањето доколку сакаат, но Фејсбук сигурно се обложува дека новите опции ќе ги принудат на тоа.

Покрај тоа, потенцирана е можноста за пребарување други корисници преку двете апликации истовремено.

Сè уште не е познато кога новиот чет ќе биде достапен.

Според Си-Ен-Ен, новите опции во моментов се тестираат во одредени делови, а можеме да очекуваме глобална експанзија во наредните месеци. Фејсбук исто така планира да го поврзе WhatsApp со оваа група апликации.

Сето ова е амбициозен план на претседателот на Фејсбук Марк Цукерберг од 2019 година да ги пренесе сите преписки од социјалните мрежи во еден голем чет, сè со цел да се подобрат безбедноста и приватноста.

Тој објасни дека приватните пораки, приказната што исчезнува, малите групи за разговор се далеку најбрзо растечката област во областа на комуникацијата преку интернет.

Со интегрирање на повеќе апликации, секоја со повеќе од милијарда корисници, Фејсбук се надева дека ќе го искористи максимално пазарот.

Некои од минатите чекори се лансирање апликации за мал бизнис што им овозможува да ги контролираат своите страници на повеќе социјални мрежи, Фејсбук, Месинџер и Инстаграм, како и нова алатка Accounts Center tool што ви овозможува да ги контролирате информациите за најавување на повеќе профили.

Поврзувањето на овие услуги е голем предизвик на ниво на инфраструктурата, особено кога станува збор за WhatsApp.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail