Њу Делхи најзагаден град во светот, македонските меѓу најзагадените во светот

delhi.jpg

Њу Делхи, главниот град на Индија, е најзагаден град во светот во 2018 година, според истражувањето на две мониторинг организации во 61 града. По Делхи, каде живеат 20 милиони луѓе, следуваат главните градови на Бангладеш и Авганистан – Дака и Кабул.

Анализата беше спроведена во соработка со швајцарска група која собира податоци за квалитетот на воздухот ширум светот и меѓународната организација Гринпис.

Според студијата, загадувањето во Њу Делхи е предизвикано од возилата и индустријата, градежништвото, домашниот чад и земјоделскиот отпад.

Во 2018 година содржината на честички во воздухот во еден кубен метар била 113,5 микрограми во Њу Делхи. Ова е двојно поголемо од Пекинг, каде што просечната годишна вредност е 50.9 микрограми. Според тоа, кинескиот главен град е осмиот во светот во однос на загадувањето.

Во Западен Балкан:

10 градови во Западен Балкан – на територијата на Босна и Херцеговина, Македонија и Косово – и четири во Турција имаат нивоа, повеќе од 3 пати повисоки од барањата од СЗО. 8 градови на Балканот се меѓу најзагадените 10% од сите градови во светот.

САД и Канада: историските шумски пожари имаа драматично влијание врз квалитетот на воздухот во август и ноември, а 5 од 10-те најзагадени градови во светот во август се регистрирани во Северна Америка.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail