Њујорк е првата американска држава што ќе нуди бесплатно високо образование за студенти од семејства со ниски примања

nujork.png

Њујорк е единствената држава во Америка што ќе нуди целосно покриена школарина за државните колеџи и универзитети за граѓаните од средната класа. Оваа програма беше вклучена во буџетот во неделата.

Државната програма за школарина ќе се одвива во групи во текот на наредните три години, почнувајќи со целосна покриеност за четиригодишното школување на студенти чии семејства заработуваат помалку од 100 000 долари годишно. Ограничувачкиот приход ќе се зголеми на 110 000 долари во 2018 година и 125 000 во 2019 година.

Иако државите како Калифорнија и Џорџија имаат целосни грантови и програми за школување, Њујорк е првата држава што нуди вистински целосна програма, без услови, освен за престој и приходи, како и без ограничување на граѓаните кои може да добијат целосна школарина.

„Со овој буџет, Њујорк ја има првата достапна програма за колеџ во државата. Тоа е различен модел“, рече гувернерот Ендрју Куомо.

„Денес, колеџот е она што беше средното училиште – секогаш треба да биде опција дури и ако не можете да си го дозволите“, додаде тој.

Според властите, буџетот вклучува рекордни 7,5 милијарди долари за високо образование, иако тоа е само 6,3 отсто зголемување од 2016 година.

Според проценките, 80 отсто од семејствата во Њујорк со деца на возраст за да учат на колеџ, може да ја искористат новата програма. Проценките на гувернерот од 940 000 засегнати семејства од програмата, не ги вклучува возрасните студенти кои за првпат би се запишале на колеџ, а кои имаат право на тоа.

Не постои возрасна граница за програмата, откако студентите ќе ја добијат стипендијата, тие мора да бидат редовни и да имаат најмалку 30 кредити годишно за да продолжат да ја користат и наредната година.

Државата, исто така, инвестираше 8 милиони долари за електронски книги со цел да ги намали трошоците на студентите.

Но, постојат и одредени критики за програмата, односно според дел од критичарите, се поставува прашањето дали навистина оваа програма одговара на потребите на студентите кои доаѓаат од семејства со ниски примања.

Бесплатно студирање покриено за првите две години од колеџ веќе постои во Тенеси, Орегон и Минесота. Според Националната конференција на државни законодавства, околу десетина други држави предложиле слични закони со кои би го направиле истото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail