Нобелова награда за лечење на заболени од рак: Најголемото признание од областа на медицината за важно откритие

nobelovci.jpg

Џејмс Елисон и Тасаку Хонџо освоиле Нобелова награда за медицина во 2018. година за откритие кое довело до напредок во лечење на рак, соопштено е од Нобеловиот комитет на шведскиот институт Каролиска.

Во соопштението се наведува дека Елисон и Хонџо покажале како различни стратегии за инхибрирање на кочниците на имуниот систем може да се искористат при лечењето на ракот. Американецот Елисон и Јапонецот Хонџо ќе добијат парична награда во износ од милион долари.

Нобеловата награда за физиологија и медицина, со која управува Нобеловиот фонд, се доделува за извонредни откритија во областа на природните науки и медицината.

Наградата за медицина е прва Нобелова награда која се доделува секоја година. Наградите за достигнувања во науката, книжевноста, како и наградата за мир, во склад со волјата на пронаоѓачот на динамитот и бизнисмен Алфред Нобел, се доделуваат уште од 1901. година.

Наградата за книжевност оваа година нема да биде доделена, поради скандалот поврзан со сексуално злоставување.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail