Норвешка ја заврши конструкцијата на највисокиот дрвен облакодер на светот

oblakoder.jpg

Норвешка ја заврши конструкцијата на највисокиот дрвен облакодер на светот, еколошки прифатлив и отпорен на оган. Дрвениот облакодер Мјос ќе биде сместен во близина на истоименото езеро кое се наоѓа на 100 километри северно од Осло.

Облакодерот е висок 85,4 метри и ќе има 18 спратови. Инвеститорите велат дека со употребата на дрва, кои се обновлив материјал, може да се намали застапеноста на јаглерод диоксид, спротивно на бетонот кој е основен материјал за станбени згради во градот.

Дишење во подобар свет

“Дрвената изградба ни помогнува да дишеме во подобар свет”, вели бизнисменот Артур Бучарт, додавајќи дека го започнал овој проект, бидејќи бил инспириран од парискиот климатски договор.

Градежниците велат дека зградата ќе биде отпорна на оган, бидејќи дрвото е ламинирано со огнено опторни материјали и може да гори само доколку континуирано е изложено на оган.

Облакодерот ќе биде отворен во март 2019 година и ќе го надмине својот конкурент, зградата “Treet” која е висока 49 метри, која го држела рекордот како највисока дрвена градба на светот. Таа се наоѓа во Берген, а како настана погледнете во видеото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail