Норвешка ќе го гради првиот електричен беспилотен товарен брод во светот

norway-electric-autonomous-ship.jpg

Компанијата за производство на ѓубриво Yara International соработува со индустриската групација Kongsberg на изградбата на бродот Yara Birkeland, кој ќе пренесува ѓубриво меѓу три пристаништа во јужниот дел на Норвешка

Норвешка планира идната година да почне со работа на првиот целосно автономен електричен товарен брод во светот, со кој ќе се пренесува товар еднаков на 40.000 тури со камион годишно.

Компанијата за производство на ѓубриво Yara International соработува со индустриската групација Kongsberg на изградбата на бродот Yara Birkeland, кој ќе пренесува ѓубриво меѓу три пристаништа во јужниот дел на Норвешка.

Бродот же може да управува автономно без потреба од луѓе, ќе може да помине до 65 наутички милји и да пренесе околу 100 контејнери со брзина од 12 до 15 јазли. На почеток со бродот ќе управува капетан, но се очекува во 2019 година да почне да патува автономно, а во 2020 година воопшто да нема луѓе на бродот.

Секојдневно камиони патуваат по 100 пати за да пренесат производи од фабриката Yara Porsgrunn до пристаништа во Бревик и Ларвик. Со овој нов автономен брод ќе се намали бучавата, емисијата на јаглерод диоксид и прашина, ќе се подобри безбедноста на локалните патишта.

Се очекува кога ќе почне да се користи бродот емисијата на јаглерод диоксид да се намали за 678 тони годишно, а енергијата која ќе се користи за батериите на бродот ќе доаѓа исклучиво од хидроцентрали.

извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail