Норвешка ќе го гради првиот тунел за бродови во светот

ship-tunnel-Norway2-e1488987622533.jpg

Бродовите наскоро ќе можат да поминуваат низ првиот тунел за бродови во Норвешка. Тунелот Stad Ship Tunnel, кој ќе го гради компанијата Norwegian Coastal Administration, ќе овозможи бродовите безбедно да поминат под опасните морски предели во земјата. Тунелот ќе може да опслужи од 70 до 120 бродови дневно.

Тој дел од морето каде што ќе се гради е познат по опасните услови. Според историчарите, викинзите ги извлекувале своите бродои на брегот без да го поминуваат морето. Идејата за тунел за бродови постои уште од 70-тите години на минатиот век, но сега проектот конечно ќе се реализира.

ship tunnel Norway

Норвешкиот парламент назначи околу 120 милиони долари за проектот, кој треба да се реалзиира до 2023 година.

ship tunnel Norway3

Бродовие ќе можат да влегуваат од горната страна кај градот Селје, а ќе излегуваат на југот кај фјордот Молдефјорд. Сегашниот предлог за тунелот вклучува мост во близина на јужниот влез од каде што пешаците ќе можат да видат како поминуват бродовите. Поради опасниот терен конструкцијата ќе започне дури во 2019 година. Самиот тунел ќе чини околу 272 милиони долари.

извор: inovativnost.mk
Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail