Норвешки милијардер го враќа богатството преку донации

ingee.jpg

Кјел Инге Роке, поранешен рибар кој се збогати преку нафтената индустрија, ќе започне да го инвестира богатството во еколошки проекти. Тој ќе изгради брод за истражување чија намена ќе биде отстранување на пластиката од океаните.

Со оваа акција, тој им се придружи на другите филантропи како Бил Гејтс, Ворен Бафет и Марк Закерберг. Неговото богатство е проценето на 2 милијарди долари.

„Сакам да го вратам на општеството поголемиот дел од тоа што го имам заработено. Овој брод е дел од тоа“, вели Кјел во интервју за весникот Aftenposten.

Истражувачкиот брод ќе има екипаж од 30 луѓе, а ќе собира 60 научници и нивни лаборатории. Целта ќе биде да отстрани и стопи пет тонови пластика на ден.

„Океаните прекриваат 70% од Земјата, а досега многу малку е истражено“, вели тој.

Роке не откри колку ќе чини бродот, ниту што друго ќе донира. Тој и неговата сопруга веќе имаат фондација за стипендии на студенти.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail