Норвешките болници градат дрвени колиби во шума за побрзо оздравување на пациентите

wood-cabin-e1555253785197.jpg

Среќни сме што живееме во време кога има болници, но да бидеме иксрени, болниците не се најпријатните места. Тие се ладни, стерилни, имаат строги правила и воопшто не се пријатни. Можеби можат да направат чуда за лечење на телото на пациентите, но се повеќе согледуваме дека физичкото здравје зависи и од менталната сосотојба. Токму затоа сигурно е дека болниците не можат да помогнат во тој дел.

Во Норвешка многу добро знаат дека тоа е вистина и се трудат да направат најздрава можна средина за пациентите. Тие откриле дека природата може многу да помогне во тоа. Бенефитите по здравјето од времето поминато надвор во природа постојано се докажуваат, па зошто да не се пуштат болните деца, на пример, да се лекуваат меѓу дрвја?

Имајќи го тоа на ум, двете најголеми болници во Норвешка со помош на добротворната организација Friluftssykehuset Foundation ги создадоа дрвените колиби Outdoor Care Retreats, познати како „ friluftssykehuset“ или „болници за рекреација“. Направени во соработка со познатото архитектонско студио Snøhetta, овие колиби на пациентите им овозможуваат да се опуштат по строгите правила и изолацијата во болница.

Името „friluftssykehuset“ доаѓа од норвешкиот концет „friluftsliv“, односно важноста на времето поминато надвор во природа комбинирано со зборот „sykehus“, кој на норвешки значи болница. Првата ваква колиба е изградена во бујна шума во близина на поток и се наоѓа на само неколку минути пешачење од најголемата болница во Норвешка, Универзитетската болница во Осло. Другата колиба, пак, е во близина на мало езерце во шумата блиску до болницата Сорландет во Кристијансенд на југот на Норвешка.

Пациентите кои излегуваат надвор од болницата се порелаксирани и наоѓаат повеќе сила да ги издржат сите третмани. Престојот во природа им дава чувство дека се е возможно, добиваат повеќе енергија, поголема надеж и поголема креативност, велат норвешките доктори.

Колибите се направени да се вклопат во асиметричната средина. Внатрешноста е од дабово дрво, а надворешноста ќе избледи со тек на време и уште повеќе ќе се спои со природата. Во колибите има една главна соба, помала соба како спална и бања. Шарените перници ја разбиваат монотонијата на дрвото. На кровот има кружен стаклен покрив од каде што може да се набљудува небото, а стаклените прозорци може да се отворат и да исчезне и најмалата граница меѓу природата и колибата.

Оваа идеја не е сосема нова. Уште во викторијанско време луѓето бегале во планините и во минерални бањи за да имаат подобро здравје. Во поново време јапонската влада воведе нов концепт наречен „shinrin yoku“ или „бањање во шума“. Тој концепт се базира на лековитата моќ на шумовитите предели врз здравјето на луѓето. Организацијата Friluftssykehuset Foundation планира да гради уште колиби во близина на болници во Норвешка и во странство.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail