Финскиот производител со ексклузивни права за продажба на телефони под брендот Нокиа планира да претстави четири нови модели на Светскиот конгрес на мобилни телефони во Барселона на крајот од овој месец.
Покрај Нокиа 6, која е лансирана во Кина, HMD планира да открие уште два уреда и тоа Нокиа 5 и Нокиа 3 со Андроид 7.0 Nougat оперативен систем и имаат послаби карактеристики и поволна цена.
Меѓутоа, најинтересниот од најавените уреди воопшто не е смартфон, туку модерна верзија на легендарната Нокиа 3310 која го освои пазарот на почетокот од милениумот.
По цена од најмногу 60 евра, оваа Нокиа ќе ги задоволи носталгичните корисници и оние на кои им е потребен резерверн “неуништлив” телефон.