svetilka.jpg

Мозочните шеми кои создаваат одредени резултати би можеле да бидат предвидени со 87% прецизност на основа на азбуката која се состоела од 42 концепти кои го покривале поголемиот дел локации, бои, ефекти и други елементи кои сочинуваат сложени мисли.

Треба да се напомене дека научниците од Универзитетот Карнеги Мелон, сеуште не можат да кажат што точно мислите, но нивниот систем е во состојба да декодира видови на размислувања кои луѓето ги имаат на основа на скенирање на мозокот.

Тоа е така затоа што, различни делови од мозокот покриваат различни видови на мисли, така што одредени неврони се вклучуваат кога помислувате на сијалица, на пример, а други доколку размислувате што би правеле со неа, или каква боја има.

“Едно од најголемите достигнувања на човечкиот мозок е способноста да се комбинираат индивидуални концепти во сложени мисли, не мислејќи само на `банана`, на пример, туку `сакам да јадам банана во текот на денот со моите пријатели`”објаснува водечкиот научник Џаст Марсел.

“Конечно развивме начин за да можеме да ги видиме и сложените мисли со помош на fMRI сигналот. Откривањето на кореспонденција помеѓу мислите и активирањето на мозокот ни говори од што се изградени мислите.” – додава тој.

Научниците користеле посебно прилагодени алгоритми со цел да ги анализираат скеновите кој ги собрал fMRI уредот за да одредат какви видови на мисли активираат одредени модели на мозокот. Од алгоритмот потоа е побарано да ги преведе мислите во новата форма.

Станува збор за слична постапка на она кога вештачката интелигенција покажува околу сто фотографии од кучиња, а потоа се прашува дали новата фотографија исто така покажува куче.

Во овој случај, алгоритмот најпрво добил 239 реченици и 7 волонтери, по што морал да декодира 204 мисли со различни верзии на програми кои секој пат изоставале друга реченица.

Една од речениците била “сведокот викнал за време на судењето”, во која се наоѓа и предметот на мислата, и средината, и нешто што субјектот правел.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail