Нов ЕУ закон за сообраќај ! Казни за родителот ако детето падне !

Boy-bike-accident.jpg

Еве колкава казна ќе мора да платите ако дететo ви падне од велосипед!

Информацијата за една мајка која се пожалила дека поради повредата што ја стекнал нејзиниот син возејќи велосипед ќе треба да плати казна од 50.000 динари, предизвика лавина коментари и реакции. На социјалните мрежи се коментира дека станува збор за нов ЕУ закон за сообраќај.

Српските медиуми го контактирале Комитетот за безбедност во сообраќајот а од таму го негирале постоењето на вакви казни и изјавиле дека ролерките, велосипедите и тротинетите се детски играчки а не возила и ваквата несреќа не се смета за никаков прекршок.

Сепак, според Законот за сообраќај, дете помало од 12 години не смее да управува со велосипед на јавни патишта, а деца постари од 9 години не смеат да возат велосипед во пешачка зона и на некатегоризирани патишта. Помалите од 9 години можат да возат само ако се под надзор на повозрасно лице, постаро пд 16 години.

Непочитувањето на овие одредби се казнува со парични казни од 3.000 до 10.000 денари. Така, според законот ако дете помало од 9 години управува со велосипед во пешачка зона, без надзор од повозрасно лице, родителите реално може да заработат ваква парична казна. А тоа може да се утврди токму преку ваков случај на повреда.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail