Нов филм: Сандра Булок и Бред Пит првпат заеднно во „Брзиот воз“

Nov-film-Sandra-Bulok-i-Bred-Pit-prvpat-zaednno-vo-Brziot-voz.jpg

Нов филм: Сандра Булок и Бред Пит првпат заеднно во „Брзиот воз“

Холивудските ѕвезди Сандра Булок и Бред Пит, кои никогаш не снимале филм заедно, сега заедно ќе работат на ново остварување, објави „Дедлајн“.

Се работи за филмот „Брзиот воз“ (Bullet Train), во режија на Дејвид Лич. Приказната е заснована на романот „Марија Битл“ од јапонскиот автор Котаро Исака, а како што читателите веројатно забележале, книгата има некои сличности со хит-филмот „Брзина“ од 1990-тите, каде што токму Сандра Булок глумеше покрај Кијану Ривс.

Новиот филм, исто така спаѓа во жанрот акција и сѐ уште е во фаза на снимање.

Извор: denesen.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail