Нов канал за инфрацрвена комуникација е 300 пати енергетски поефикасен од WiFi

infrared-communication1-e1515588326762.jpg

ARON или Аugmented-Reality Optical Narrowcasting е нов канал за комуникација кој функционира без да се потпира на мобилни мрежи или на Интернет. Наместо тоа ја користи инфрацрвената светлина. SureFire е компанија за тактичка опрема која ја претставува технологијата на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас. Од компанијата велат дека ARON е 300 пати поефикасен од Wi-Fi и може да функционира на соларна енергија.

ARON може да го смени начинот на кој луѓето комуницираат со светот. Новиот систем за комуникација испраќа податоци преку инфрацрвени светлосни бранови со патентирана комбинација од оптички трансмитери и сигнали. Корисниците можат да испратат секаков вид дигитални информации како HD видеа на растојание до 400 метри дење, а ноќе до 1.200 метри, според Engadget

ARON функционира како алтернатива за радиофреквенција која веќе се користи за паметни телефони и наводно, е безбеден и брз. Платформата за комуникација сега е нерегулирана и отвора нови можности за компаниите.

Компанијата го рекламира АRON и за време на природни катастрофи и дозволува јавните информаци да се пренесуваат и кога нема струја. Ќе биде потребно време додека ARON почне да се применува во погоеми размери. Технологијата моментално постои во демо верзија.

Извор: inovativnost.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top