Нов луксузен џип кој ќе чини само 6500 евра! (ВИДЕО)

Основната верзија на автомобилот ќе изнесува 589 000 рубли или 6 500 евра, а најскапата верзија – 723 000 рубли (8 300 евра), објавија официјално од руската компанија „АвтоВАЗ’.

Од „Лада“ коментираат дека „XRAY“ е со издржан типичен дизајн за компактните хечбек автомобили, но поседува и модерен SUV изглед.

Стартната цена од 6 500 евра важи за „Лада XRAY“ со 1,6-литарски бензински мотор со моќност 109 коња и 5-брзински мануелен менувач со опрема Optima, која вклучува воздушни перничиња за возачот и совозачо, антиблокирачки систем ABS + EBD , ESP и за контрола на потисок TCS, за задржуваат на наклон, електрични стакла на предните врати, регулирање на предното седиште на возачот за висина, аудио со екран осетлив на допир екран и Bluetooth, 16-инчни бандажи итн.

Русите немаат дилеми дека „XRAY“ ќе помине европскиот краштест по стандардот EuroNCAP. Од АвтоВАЗ сметаат дека автомобилот ќе добие минимум три ѕвезди од пет можни и ќе се продава без проблеми во Европа, пишува Блиц.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top