Нов објект во Мелбурн – училиште без училници

Melburn-uciliste-bez-ucilnici.jpg

Австралиската компанија Hayball планира да креира единствен простор за учење на основци во Мелбурн – училиште без училници. Оваа зграда се смета за проект на иднината, и треба да биде завршена во 2018 година како „прво вертикално училиште“ во регионот.

Петкатницата ќе опфаќа простор за школување на 525 деца, но ќе има и други содржини како на пример медицински центар и внатрешни и надворешни спортски терени.  Притоа, планирно е на двата најниски ката да бидат сместени простории достапни за целата заедница додека другите три ката да бидат за едукативни цели.

Наместо во традиционални училници децата ќе се образуваат во таканаречените „едукативни квартови“ кои опфаќаат внатрешни и надворешни простори. Секој „кварт“ може да прими 75 деца со тројца наставници и служи за учење низ дружење и соработка, а не дидактичко учење.

Со скали и вертикална поврзаност создаден е концепт на „вертикален плоштад“, а и самите скали се место за средби и разни активности.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail